Регулаторната управа за електронски и поштенски комуникации на Косово (АРКЕП) и додели на американската компанија Starlink пристап до интернет на секоја локација во Косово.
„Ширум светот, Starlink им овозможи на заедниците кои имаат потреба да пристапат до образование, здравствени услуги, овозможи работа на далечина и обезбеди критична комуникациска поддршка за време на природни катастрофи или други национални итни случаи“, се вели во соопштението.
Од АРКЕП додаваат дека влезот на оваа глобална компанија на домашниот пазар ќе влијае и на економските придобивки и севкупниот развој на Косово.
Старлинк е приватна интернет сателитска мрежа во сопственост на компанијата на милијардерот Елон Маск, SpaceX.
Се верува дека има околу 4.800 уреди во орбитата, преку кои се обезбедува интернет во околу 100 земји во светот.
Маск реши да и понуди на Украина пристап до оваа мрежа, по почетокот на руската војна во Украина во февруари 2022 година, кога таа земја остана без комуникациски линии.
Старлинк се користи од милиони луѓе ширум светот бидејќи нуди побрз интернет од некои локални провајдери.
На официјалната веб-страница на компанијата доволно е да ја побарате најблиската адреса и потоа да извршите уплата за да ја добиете услугата.