WhatsApp најави важни промени во својата апликација, поврзани со управувањето со контакти.
Контактите во WhatsApp досега беа исти како оние на мобилните телефони, но тоа може да биде проблем за корисниците кои ќе го загубат својот уред и немаат резервни контакти.
Ова може да биде главоболка и за оние кои го делат телефонот со некого, како и за оние кои користат повеќе профили со посебни контакти на еден уред.
За среќа, WhatsApp сега има решение, а тоа е вграден менаџер за контакти, кој ќе им овозможи на корисниците да ги зачувуваат контактите во апликацијата, со што ќе го спречат губењето на контактите кога менуваат смартфони.
Првиот чекор во спроведувањето на оваа нова функција е можноста за складирање контакти на WhatsApp Web и Windows. Компанијата Meta, која е сопственик на WhatsApp, вели дека корисниците во иднина ќе можат да складираат контакти на другиte поврзани уреди.
Контактите што ги складиртаат во WhatsApp користат нова технологија за зачувување на приватноста наречена Identity Proof Linked Storage (IPLS), која ги шифрира имињата и броевите на контактите и до која може да пристапи само сопственикот.
Во иднина ќе се воведе и систем за корисничко име, кој ќе овозможи користење на апликацијата без поврзување на сметката со телефонски број.