Во текот на изминатите месеци бевме сведоци на бројни гласини поврзани со чипсетите што се очекуваат во следната флегшип Galaxy S25 серија на Samsung . Информациите укажуваат на можни комбинации со Qualcomm Snapdragon, MediaTek Dimensity и Samsung Exynos.
Сега, сепак, се чини дека има индикации дека компанијата се решила за само еден чип за трите модели, и тоа на глобално ниво. Станува збор за за Snapdragon 8 Elite на Qualcomm претставен оваа недела.
Информациите доаѓаат од дојавувачот @UniverseIce, што се надеваме дека ќе се покаже како точно. Ова ќе ја елиминира дискриминацијата по региони, вклучувајќи ги европските потрошувачи.
Дојавувачот потврдува дека Exynos 2500 и MediaTek 9400 нема да се користат во ниту една варијанта на Galaxy S25 серијата.