Honor Magic 7 Pro ќе се напојува со Snapdragon 8 Elite чипсет, со YOYO помошник за вештачка интелигенција и MagicOS 9.0, а телефонот официјално ќе биде претставен на 30 октомври
Qualcomm го претстави Snapdragon 8 Elite, својот следен флегшип процесор за мобилни телефони и ги донесе своите партнери на сцената да ги покажат своите претстојни модели со овој чип. Xiaomi е очигледно меѓу првите, додека Realme, Asus (за серијата ROG) и Honor исто така работат на нови смартфони од серијата Magic 7 Pro со овој чипсет.
Honor го објави Honor Magic 7 Pro, прикажувајќи го дизајнот на уреодт во кратко видео и зборувајќи за можностите на NPU за рендерирање во игрите, како и за новиот асистент за вештачка интелигенција, кој ќе биде дел од системот MagicOS 9.0. Се разбира, компанијата ја искористи можноста и да го покаже телефонот на сцената, како што може да да се види на фотографијата погоре.
Honor Magic 7 серијата смартфони ќе се напојува со процесорот Snapdragon 8 Elite. Неговиот моќен NPU копроцесор ќе биде одговорен за работата на асистентот за вештачка интелигенција по име YOYO, потоа ќе ги подобри перформансите во игрите и ќе ја поддржува работата на многу други функции на новиот уред. Серијата Honor Magic 7 официјално ќе биде претставена следната недела, во среда на 30 октомври, известува GSM Arena.