Instagram воведе интеграција со Spotify, што им овозможува на корисниците лесно да ги зачувуваат песните откриени на Instagram во нивната Spotify плејлиста за подоцна да ги слушаат.
Instagram одлучи да усвои стратегија слична на онаа што ја користи TikTok, па конечно им нуди на своите корисници можност да ги зачуваат песните што ќе ги откријат, за подоцна да ги слушаат на Spotify.
Од компанијата неделава потврдија дека интеграцијата на Spotify сега се применува на глобално ниво, така што корисниците треба наскоро да ја добијат функцијата, без разлика каде се наоѓаат.
За жал, Instagram заостанува малку зад конкуренцијата кога станува збор за интеграција со услугите за музика.
Вреди да се спомене дека откако ја прекина сопствената услуга за претплата за стриминг-музика TikTok Music, TikTok одлучи да се фокусира на додавање интеграција за што е можно повеќе услуги за стриминг-музика. Сепак, чудно е што Instagram чекаше толку долго за да додаде интеграција на Spotify. Да не зборуваме дека TikTok нуди и интеграција со други услуги за стриминг музика, како што се Apple Musix и Amazon Music и е на работ да додаде уште една која е многу популарна во Јужна Кореја, Melon.
Добро е познато дека музиката е насекаде околу нас, а понекогаш тоа значи и на социјалните мрежи. Затоа од Spotify се горди што воведуваат нова интеграција со Instagram, што го олеснува и брзото додавање песни на Spotify од Instagram со едноставен допир, според изјава на портпаролот на Spotify.
За да ја искористат новододадената интеграција, корисниците на Instagram сега можат да кликнат на песната што ќе ја најдат на социјалната апликација и потоа да го допрат копчето „додај“. Сите зачувани песни ќе бидат додадени на нивната плејлиста „Допаднати песни“ на Spotify, за подоцна да ги слушаат.
За жал, Instagram не нуди интеграција со која било друга услуга за стриминг музика, така што Spotify е првата и единствена услуга што ќе можете да ја користите на оваа социјална апликација.