Xiaomi на 29 октомври во 19 часот по кинеско време ќе ја претстави Xiaomi 15 серијата паметни телефони, а се појавија и официјални рендери од уредите.
Датумот на претставувањето беше потврден преку социјалната мрежа Weibo од директорот на Xiaomi, Лу Веибинг, додека технолошкиот блогер Картикеј Синг објави официјални рендери со висока резолуција, кои го откриваат изгледот на новите мобилни телефони.
Познато е дека дебелината на Xiaomi 15 Pro изнесува 8,35 мм и тежи 213 грама, односно 10 грама помалку во однос на Xiaomi 14 Pro.
Уредот има Micro Quad Curved закривен екран, кој е заштитен од втората генерација на стакло наречено Xiaomi Longjing. Веибинг истакна дека модулот за камерата има керамички Deco дизајн на леќата.
Xiaomi 15 има 6,36-инчен екран со рабови дебели 1,38 мм, што би требало да го направи конкурент на претстојниот смартфон Oppo Find X8 во „категоријата смартфони со најтенки рамки околу дисплејот“
Xiaomi 15 серијата ќе биде првата во историјата на Xiaomi која ќе користи ултразвучен сензор за отпечатоци наместо оптички. Ултразвучната технологија генерално е побрза и попрецизна, а исто така не бара осветлување на прстот за да го скенира.
Повеќе информации ќе бидат обелоденети на претставувањето на 29 октомври.