Хирург кој работи во Шкотска разви начин за отстранување на тумори на мозокот со големина на јаболко преку веѓите на пациентите, што се смета за прв таков зафат во светот.
Неврохирургот Анастасиос Гиамуриадис од здравствената служба NHS Grampian ја прилагодил постоечката лапароскопска техника за отстранување на тумори, која остава значително помалку белези од обичните краниотомии.
Промената му овозможува на Гиамуриадис да отстранува многу поголеми тумори од предниот дел на мозокот отколку порано, а некои наводно се големи колку јаболка.
Новиот метод, исто така, бара многу помалку време за спроведување, што значи дека оперативните тимови се помалку изморени кога постапката конечно ќе заврши.
Гиамуриадис и неговиот тим досега го извршиле новиот зафат на 48 пациенти, а многу од нив успеале да ја напуштат болницата еден ден по зафатот.
„Ја модифицирав и развив техниката со мојот тим и оперираме многу големи тумори на мозокот во предниот дел на мозокот и сè до средината на мозокот“, објасни тој.
„Тоа има значаен позитивен ефект за пациентот. Кај нормалната, опсежна краниотомија, операцијата вообичаено трае околу осум часа, а пациентите ќе поминат денови во болницата. Работејќи со лапароскопски пристап преку веѓа е технички потешко, но потребно е веројатно половина време – ако не и помалку“, рече тој.
„Пациентот ќе си дома вториот ден и ќе се врати во нормален живот во повеќето случаи во рок од недела или две“, истакна тој.