По најавата на Грег Џозвијак на X, изгледа дека оваа година нема да има посебен настан за Mac компјутери во октомври, туку Apple ќе претстави нови уреди преку објави за медиумите.
Првиот човек за маркетинг во Apple, Грег Џозвијак вчера на социјалната мрежа X најави дека компанијата планира да претстави нови производи следната недела, навестувајќи освежени Mac компјутери. Во објава на социјалните мрежи, Џозвијак рече „Mac-ирајте ги вашите календари“ бидејќи следува возбудлива недела на најави што започнуваат во понеделник наутро.
Со најавата на Џозвијак, изгледа дека оваа година нема да има посебен настан за Mac компјутери во октомври, туку Apple ќе претстави нови производи преку објава за медиумите. Во понеделник ќе бидат објавени ажурирањата на iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS Sequoia 15.1, но и објавите за нови Mac компјутери може да започнат во понеделник. Во претходните години, Apple имаше распоред на лансирање производи секој ден кога немаше планиран настан.
Гласините и повеќе протечени информации за MacBook Pro укажуваат дека Apple е подготвен да ги претстави првите компјутери со M4 чип. Очекуваме нови модели на Mac mini, iMac и MacBook Pro.
iMac, основниот Mac mini и основниот MacBook Pro сите ќе го вклучуваат M4 чипот, кој веќе го добивме претходно оваа година во iPad Pro моделите со OLED екран. Моделите на MacBook Pro од повисок ранг ќе користат M4 Pro и M4 Max чипови, додека Mac mini исто така ќе го добие M4 Pro.
Не очекуваме промени во дизајнот на iMac или MacBook Pro, но најавено е дека Mac mini ќе биде помал, со големина слична на Apple TV. Со намалувањето на големината, можно е да биде и малку подебел. За сите основни модели, гласините сугерираат дека RAM меморијата ќе стартува од 16GB наместо 8GB, обезбедувајќи подобри перформанси за функциите на Apple Intelligence.