iOS 18.1 конечно ги носи долгоочекуваните функции на Apple Intelligence, подобрувања за AirPods Pro 2 и отвора пристап до NFC чипот за апликации на други компании, а очекуваниот датум на лансирање е 28 октомври.
Apple официјално потврди дека iOS 18.1 ќе биде лансиран за јавноста следната недела, заедно со значајно ажурирање на фирмерот за корисниците на AirPods Pro 2 слушалките.
iOS 18.1 ги вклучува првите функции на Apple Intelligence, како што се алатките за пишување, резимеирање на известувањата и опцијата Clean Up во апликацијата Photos. Покрај овие, ажурирањето донесува и низа други функции, кои не се дел од Apple Intelligence пакетот.
The Verge и The Wall Street Journal денес потврдија дека следната недела ќе бидат лансирани функции за корисниците со оштетување на слухот на AirPods Pro 2 заедно со новото ажурирање на фиермерот за AirPods и iOS 18.1. Apple претходно само најави дека iOS 18.1 ќе биде достапен во октомври, така што ова претставува прва официјална потврда дека ажурирањето ќе стигне во неделата која започнува на 28 октомври.
Apple не наведе точен датум за лансирање на iOS 18.1, освен дека ќе биде следната недела, но Bloomberg претходно извести дека е планирано за 28 октомври.
Покрај функциите на Apple Intelligence и новите опции за слух за AirPods Pro 2, iOS 18.1 донесува и промени во Control Center, подобрувања за iPhone Mirroring, како и опции за снимање и транскрипција на повици. Со iOS 18.1, Apple за првпат овозможува пристап до NFC чипот и апликациите на трети лица, пренесува 9to5Mac.