Иако паметните телефони стануваат сè подарежливи кога станува збор за внатрешната меморија, сепак по некое време може многу лесно да се случи слободниот простор значително да се намали. Тогаш може да помогнат апликации како оваа, кои помагаат да се отстранат непотребните фајлови
Express Cleaner, како што може лесно да се заклучи од името, е апликација која темелно ќе ја прегледа внатрешната меморија на телефонот и ќе пронајде фајлови кои непотребно заземаат драгоцен мемориски простор, овозможувајќи лесно да се отстранат.
Се разбира, за апликацијата да може да ја изврши својата намена, потребно е да и се дадат соодветни дозволи, а откако тоа ќе биде направено, веднаш е можно да се започне пребарувањето на паметниот телефон за да се идентификуваат непотребните фајлови.
Корсино е што Express Cleaner овозможува чистење само на одредени делови од паметниот телефон, како што е фолдерот каде што се зачувуваат преземените фајлови, а исто така има можност за отстранување на постари фотографии, како и преглед на апликациите кои заземаат најмногу мемориски простор. Секако, тука се и проширените можности, како и цела низа други корисни и практични детали.
Основната верзија на апликацијата е бесплатна, но за сите можности (како што се интересните дополнителни опции, како што е можноста за чистење на просторот кој го заземаат фајловите поврзани со WhatsApp или отстранување на дупликат фотографии), потребна е претплата од 11,99 евра годишно за Pro верзијата.