Samsung е во своевиден нокдаун бидејќи неговите телефони од Galaxy Z Fold серијата дозволија конкуренцијата да ги изненади и претекне на многу полиња. Поради тоа, за следната година се подготвува Galaxy Z Fold7.
Оваа година, Samsung доби болен удар од конкуренцијата (Google и Honor) кога станува збор за телефони со преклопен екран. Како тоа да не беше доволно, Huawei го надмина со првиот телефон со две шарки и тројно преклопен екран. Поради ова, јужнокорејскиот електронски гигант планира „слатка одмазда” и лансирање на Galaxy Z Fold7 во две многу интересни верзии, вклучувајќи тројно преклопен и roll-up телефон за уште поимпресивни можности на преклопните уреди.
Според GalaxyClub, се шпекулира дека следната година ќе бидат претставени две верзии на флегшип телефонот Galaxy Z Fold7. Првичните извештаи укажуваат дека Galaxy Z Flip7 со дизајн во форма на школка, кој се очекува следната година, го носи кодното име B7, додека големиот преклопен телефон Galaxy Z Fold7, кој може да се трансформира во таблет, го носи името Q7. Дополнително, се споменува и мистериозниот нов модел „Q7M,“ кој има ист временски развој како Q7 и B7.
Се претпоставува дека Q7M е веројатно варијанта на Galaxy Z Fold7, кој ќе понуди различен дизајн или спецификации. Според неодамнешните гласини, Samsung планира лансирање на тројно преклопен уред за да конкурира на Huawei Mate XT и да ја зацврсти својата позиција на пазарот на флексибилни телефони.
Покрај дизајнот со три преклопи, корејските медиуми неодамна објавија дека Samsung планира лансирање на “roll-up телефон” со екран кој може да се вовлече. Кога е целосно отворен, екранот достигнува дијагонала од 12,4 инчи, а исто така ќе биде опремен со технологија на леќа под екранот за да ја скрие предната камера.