Одвојувањето на Android од Google како дел од антимонополските мерки би можело да значи дефинитивен крај за овој оперативен систем, предупредуваат експертите.
Како дел од антимонополската акција против Google, Министерството за правда на САД предложи мерка која би ги раздвоила Android и Chrome од компанијата Google. Ова е последица од пресудата во август 2024 година, во која беше утврдено дека Google го злоупотребил монополскиот статус.
Се согласуваме дека Google ја злоупотребува својата моќ и дека треба да се воведат строги санкции за компанијата. Google не е ваш пријател, ниту „фина компанија“; тоа е само уште една технолошка компанија која го контролира софтверот што го покренува седум од десет телефони во светот. Потребно е да се ограничи нејзината моќ.
Оваа ситуација има исто значење како и претходниот пат, кога се зборуваше за раздвојување на Google. Додека не се исцрпат сите жалби и алтернативи, работите остануваат непроменети.
Ако сепак дојде до тоа, можеби треба да купите iPhone, бидејќи Android ќе ослаби и ќе исчезне.
Android не носи директен профит
Google не заработува директно од Android. Не тврдиме дека Android не е профитабилен за Google, но трошоците за развој, одржување, хостирање и примена на бесплатниот оперативен систем за паметни телефони се огромни, додека директна добивка од него не постои.
Google заработува повеќе пари бидејќи постои Android. Системотвим овозможува на бесплатните апликации и услуги на Google да градат обемни рекламни профили за секој што ги користи. Собирањето на тие податоци му овозможува на Google да наплаќа повеќе за своите рекламни услуги и да привлече голем број огласувачи. Сите брендови, од технолошки производи до прехранбени артикли и облека, се рекламираат преку Google, а нивните огласи се поефикасни од оние на другите компании, делумно благодарение на милијардите Android телефони во секојдневна употреба.
На крајот, кога ќе се соберат финансиите, Android е нето корист за Google. Но, за секој друг, тоа би бил голем трошок, пишува Android Central.