Веќе знаеме дека премиерата на Realme GT 7 Pro во Кина ќе се одржи на 4 ноември, а во меѓувреме компанијата продолжува да споделува повеќе детали за уредот, кој ќе го користи новиот чипсет Snapdragon 8 Elite. Сега можеме да видиме како ќе изгледа задниот панел на телефонот и во кои бои ќе биде достапен.
Realme GT 7 Pro ќе биде достапен во Star Trail Titanium, Light White и Mars Design нијанси, со кои ќе биде обоен задниот стаклен панел со мат завршница. Фотографиите ја прикажуваат и масивната зона на тројната главна камера, брендирана со името Hyperimage+.
Неодамна, Realme откри дека моделот ќе користи нов тип OLED дисплеј од Samsung со осветленост од 2000 нита, а пикот во Dolby Vision режим достигнува до 6000 нита. Дисплејот покрива и 120% од гамата P3. Уредот ќе има и оценка за водоотпорност IP 68/69.
Заедно со тоа, денес Realme сподели и повеќе информации за новиот интерфејс Realme UI 6.0 базиран на Android 15, кој ќе дебитира со GT7 Pro. Софтверот очекувано ќе вклучува различни AI додатоци и ќе биде достапен и за други модели на компанијата. Компанијата ветува поинтерактивен и подинамичен дизајн, а меѓу AI додатоците се очекува да видиме работи како AI Erase 2.0, AI Documents, AI Recording Summary и AI Remove reflections.
Неговото дистрибуирање е поделено на два етапи. Во наредните 3 месеци, тој ќе биде достапен за Realme GT 6, Realme GT 6T, Realme 13 Pro+, Realme 13 Pro, Realme 13+, Realme 12 Pro+ и Realme 12 Pro. Во следните 6 месеци ќе стане достапен за Realme GT3 240W, Realme 11 Pro+, Realme 11 Pro, Realme 10 Pro+, Realme 10 Pro, Realme 13, Realme 12+, Realme 12 и Realme 12x.
Како што веќе објавивме, Realme GT 7 Pro ќе дебитира на 4 ноември, а уште истиот месец го очекуваме и во Европа.