Новите проектори на ViewSonic се наменети за гејмерите. Тие овозможуваат прикажување на сликата во QHD резолуција со фреквенција на освежување од 120 Hz, додека во Full HD фреквенцијата на освежување достигнува високи 240 Hz.
ViewSonic оваа недела претстави два нови проектори, X1-4K Pro и X2-4K Pro, кои носат напредно искуство за играње на конзоли. Овие проектори овозможуваат прикажување на сликата во QHD резолуција со фреквенција од 120 Hz или во Full HD со висока фреквенција од 240 Hz, што гарантира флуидно играње и детална слика на екрани поголеми од 100 инчи.
Проекторите се опремени со вградени звучници Harman Kardon за звук со кино квалитет, како и со интегриран Google TV систем кој овозможува пристап до популарните стриминг сервиси, како што се Netflix, YouTube и Disney+. Од ViewSonic истакнуваат дека посебноста на овие модели е токму можноста за прилагодување на секој простор, со едноставно подесување на сликата и звукот.
„Во споредба со традиционалните монитори за играње, проекторите нудат неспоредливо повпечатливо искуство и поголема флексибилност при поставувањето, па затоа не е изненадувачки што стануваат сè попопуларни за играње на конзоли… Овие модели не само што го подобруваат визуелниот приказ, туку имаат и вграден Google TV систем, нудејќи сеопфатно решение кое ги задоволува широкиот спектар на потреби за домашна забава“, изјави Дин Цаи, генерален директор на бизнис единицата за проектори и LED екрани во ViewSonic.
Проекторите X1-4K Pro и X2-4K Pro доаѓаат со карактеристики кои ја олеснуваат инсталацијата во било кој простор. X1-4K Pro е опремен со вертикално поместување на објективот, кое овозможува лесно подесување на положбата на сликата без потреба од физичко поместување на уредот. Од друга страна, X2-4K Pro, благодарение на можноста за краток домет, може да проектира на голем екран од 100 инчи, на растојание од само 1,5 метри, што го прави идеален за помали простори.
Овие модели нудат и вертикална и хоризонтална трапезоидна корекција, како и подесување на сликата во четири агли, обезбедувајќи совршено порамнување на сликата без оглед на аголот на проектирање. Проекторите ќе можат да се купат во Европа од јануари 2025 година, а повеќе информации за нив се достапни на официјалната веб-страница на производителот.