Секојдневно користиме мобилни телефони, тастатури, јавен превоз и бројни предмети кои често се загадени со патогени микроорганизми, меѓу кои има и причинители на сериозни болести.
Со исклучок на поединци кои херојски се опираат на мобилните технологии, ако погледнеме околу нас (и на самите себе), веднаш ќе забележиме: мобилните телефони станаа наши најдобри пријатели – постојано се со нас, од утринското кафе, па до доцна во ноќта кога се обидуваме (само на момент) да заспиеме. Толку се вплетени во нашето секојдневие што ги носиме насекаде: било да шетаме куче, готвиме вечера или извршуваме хигиена пред спиење, мобилниот телефон е секогаш на дофат.
Со паметните телефони во тоалет
Се чини дека дури и нашите омилени телевизиски серии не не интересни толку колку она што ни го нудат социјалните мрежи, па додека ги мијат забите, со едно око го проветуваат TikTok или Instagram, а со другото се обидуваат да нанесат паста на четката без поголема катастрофа. Ситуацијата стигна до точка каде што дури ни кралскиот посет на санитарните простории повеќе не е само наш момент на мир и контемплација. Мобилниот телефон автоматски оди со нас и таму – како да ќе пропуштиме нешто важно ако се оддалечиме на две минути.
Кафулињата и рестораните се приказна за себе; на дружби со пријателите, сите ќе потонат во своите екрани пред да се впуштат во разговор. И, се разбира, кога ќе легнеме во кревет – сами или во возбудливо друштво – не заспиваме, ниту правиме нешто друго без краток (или не така краток) преглед на сите известувања. Дури и откако ќе заспиеме, мобилниот телефон останува покрај нас, чекајќи наше враќање во онлајн светот штом ги отвориме очите.
Така сосема несвесно сме создале совршен рецепт за ширење микроорганизми кои буквално ги внесуваме во секој агол од нашиот живот.
Во светот каде технологијата ни овозможува пристап до бројни предмети кои секојдневно ги допираме, но ретко дезинфицираме, микробиолошките закани стануваат се присутни. Различни соеви микроорганизми, вклучувајќи патогени бактерии, лесно се пренесуваат од овие предмети на нашата кожа, во дишните патишта или системот за варење.
Собирање на микроорганизми на уредите кои најмногу ги користиме
Мобилните телефони станаа неизоставен дел од секојдневието, а дури и не сме свесни колку тие уреди се контаминирани. И малку е да се каже дека се контаминирани: студиите покажуваат дека мобилните телефони често содржат повеќе патогени бактерии отколку просечните тоалетни школки, поради што се сметаат за значајни извори на бактериска контаминација.
И тоа не само во секојдневието на просечна личност, туку и на места каде што се сфаќа сериозно поимот “бактериска контаминација”: едно истражување меѓу студенти од здравствени професии открило дека 85% од мобилните телефони носат бактерии од родот стафилокок, додека ентерокок, бактерии кои можат да предизвикаат сериозни инфекции, имале дури 37% од телефоните.
Но, лесно ќе го занемариме тоа со студентите… но и медицинските работници во болниците секојдневно користат смартфони во близина на пациенти и предмети кои доаѓаат во контакт со нив, што дополнително го зголемува ризикот од ширење на инфекции. Истражувањата покажуваат дека дури 94% од мобилните телефони во болниците во некоја мерка се контаминирани со бактерии како MRSA (т.н. “супербактерија”, стафилокок отпорен на повеќето силни антибиотици) и други високо резистентни соеви Staphylococcus aureus. Овие соеви се отпорни на вообичаените антибиотици и претставуваат сериозна закана за јавното здравје.
Зошто мобилните телефони се толку подложни на бактерии? Тие постојано се во контакт со нашите раце, лице, па дури и површини како кујнски маси и тоалетни школки. Топлината што уредите ја емитуваат за време на користењето дополнително создава поволни услови за раст на микроорганизми. На пример, микробите од рацете, кои веќе се полни со бактерии, лесно преминуваат на телефонот и можат да преживеат денови на него. Особено ако мобилниот телефон е удобно “обвивен” во топла футрола која на себе “производува” малку влага од рацете и лицето – ете идеално место за микроби!
Уреди и домаќинства: скриени домаќини на бактерии
И не само мобилните телефони: тастатурите и далечински управувачи редовно се покриени со бактерии. Домаќинствата, канцелариите и образовни установи се места со висока контаминација. Кваките и држачите во канцелариите и јавните установи често можат да бидат основа за размножување на бактерии како Staphylococcus aureus и Pseudomonas aeruginosa, отпорни микроорганизми кои предизвикуваат непријатни и опасни инфекции на кожата и дишните патишта. Неколку истражувања покажале дека тастатурите во канцеларии и далечинските управувачи во хотели, предмети кои често ги користат поголем број луѓе, содржат токму такви и слични бактерии.
Истражувањата покажуваат дека меѓу најконтаминираните предмети во домаќинствата посебно се истакнуваат – кујнските сунѓери. Со оглед на постојан контакт со биолошки материјал (остатоци од храна) и нивната порозна структура во која се задржуваат овие хранливи остатци заедно со водата, кујнските сунѓери можат да содржат Escherichia coli, Salmonella и други цревни (фекални) патогени бактерии кои предизвикуваат пробавни и други инфекции.
Иако од една страна е логично дека бактериите живеат и напредуваат таму каде што има биолошка, органска подлога и каде што е хранливо, топло и влажно, малку е необично да се слушне дека микробите можат да опстанат и на неживи, небиолошки, ладни и суви анооргански површини. Како тоа?
Бактериите на овие површини често создаваат биофилм, слој микроорганизми кои се прилагодуваат на околината и се отпорни на чистење. Микроорганизмите во биофилмот можат да преживеат на површини со недели, дури и по вообичаени процедури за дезинфекција, поради што кваките и тастатурите се меѓу најопасните преносници на бактерии во јавните простори.
Во заедничките простори, бактериите често се изложени на антибиотици и дезинфекциски средства, што придонесува за развој на отпорност. Така, бактериите кои формираат биофилм стануваат отпорни на чистење и дезинфекција. Тоа со време стана посебно голем проблем во болниците и јавниот превоз, бидејќи микроорганизмите сè потешко се отстрануваат, дури и кога се применуваат посилни средства. Болничките микроорганизми се приказна за себе, бидејќи „израснале и созреале“ во непријателска средина полна со дезинфициенси и антибиотици, во која често успеале да преживеат токму така што мутирале во поотпорни и опасни соеви.
Мени во рестораните: директен ‘скок’ на бактериите од рацете на храната
Јавни простори се собиралишта на луѓе и нивните бактерии. Менијата во рестораните се неправедно занемарени во размислувањата за можни извори на инфекции, а постојано се во рацете на различни луѓе и ретко темелно се чистат. Тоа ги прави идеален медиум за пренос на бактерии како што се Escherichia coli и Staphylococcus aureus. Едно истражување спроведено во американски ресторани открило дека дури 70% од менијата содржат бактерии кои можат да предизвикаат здравствени проблеми, вклучувајќи тегоби на варење и инфекции на кожата.
Како се пренесуваат бактерии од менито? Менито содржи висока концентрација на микроорганизми, особено за време на периодите на најголем сообраќај (ручек, вечера) кога не се спроведува редовна дезинфекција, а истовремено се менуваат голем број гости кои ги држат менијата во (немиени?) раце. Овие микроорганизми можат да преживеат на површини како пластика или ламинирана хартија неколку часа или дури денови, што претставува ризик за здравјето на посетителите.
А ако мислите дека тач менија во рестораните за брза храна се значително поздрави и почиста опција од класичните менија, се лажете. Доколку не се спроведува редовна и темелна дезинфекција на екраните на таквите уреди, првата личност која по користење на WC ќе го избере својот чизбургер на екранот на допир, ќе остави свој ‘фекален бактериски потпис’, чии копии следните корисници многу лесно ќе ги пренесат на својот брз оброк.
Контаминирани рачки и седишта во јавниот превоз
Јавниот превоз секојдневно собира десетици и стотици илјади патници и претставува една од најконтаминираните средини во урбаните области. За време на типичното утринско или попладневно задушливо туркање во јавниот превоз, доволно е само еден патник да не ги измие рацете при посета на WC… и сите автобуси, трамваи и возови на таа линија – од крај до крај на градот – во текот на истиот ден можат да станат преносители на цревни бактерии, од држачите на раце, па на следниот држач… и еве неволја!
Покрај држачите, најмногу се контаминирани потпирачите за раце и седиштата. Студија спроведена во автобуси покажала дека држачите и квалите содржат во просек помеѓу 800.000 и 3.500.000 бактерии по квадратен сантиметар. На држачите и седиштата најчесто се наоѓаат бактерии Escherichia coli, Salmonella typhi и Shigella, микроорганизми кои предизвикуваат инфекции во системот за варење. Многу соеви на овие бактерии се отпорни на вообичаени дезинфициенси и антибиотици, поради што претставуваат дополнителна закана за здравјето.
Појаватата на бактерии отпорни на антибиотици дополнително го комплицира проблемот со хигиената во јавните простори и превозот. Бактериите како MRSA и резистентни соеви на Escherichia coli можат да преживеат на различни површини и претставуваат сериозен ризик за луѓето кои често се во контакт со контаминирани предмети. Развиените земји, како Германија и Јапонија, започнаа да користат технологии како што се плазмени ионизатори и UV дезинфекција за да го намалат ризикот во јавните простори.
Мерки на превенција и развивање на хигиенски навики
Микроорганизмите присутни на површините како што се кваките, тастатурите, менито и мобилните телефони лесно се пренесуваат од рацете на нашето тело. Со многу едноставни мерки – како што се редовно чистење на предметите и миење на рацете – можеме значително да го намалиме ризикот од инфекции и да се осигураме дека нашите секојдневни средини се побезбедни за користење.
Бактериите се невидливи сопатници на нашиот секојдневен живот. Иако не се секогаш штетни, нивното присуство на секојдневните предмети (мобилни телефони, мени, во јавниот превоз) и рацете може да предизвика сериозни инфекции. Чистењето и дезинфицирањето на предметите може да го намали ризикот од пренос на бактерии, а зголемената свест за хигиената и правилното постапување со предметите кои ги користиме секојдневно можат да станат клучни предуслови за заштита на нашето здравје и за безбедноста на нашата околина.
Постојат неколку едноставни мерки кои можеме да ги усвоиме за да го намалиме ризикот од пренос на бактерии од нашето секојдневно опкружување:
- Редовно чистење на мобилниот телефон – барем еднаш дневно, користејќи алкохолни марамчиња или со антибактериски спрејови можеме значително да ја намалиме контаминацијата.
- Користење на еднократни менија – во рестораните кои користат дигитални или хартиени менија, ризикот од пренос на бактерии е намален.
- Дезинфицирање на кваките и тастатурите – редовното чистење на овие површини може да го намали ризикот од пренос на бактерии на персоналот и корисниците.
- Миење на рацете по користење на јавен превоз – покрај миењето на рацете, користењето антибактериски гелови може да го намали ризикот од пренос на микроорганизми од рачките и седиштата. Но, во хигиенскиот аспект, антибактериските гелови НЕ го заменуваат миењето на рацете со вода и сапун.
Хигиенските навики се клучни за намалување на ризикот од пренос на инфекции. Со миење на рацете по контакт со контаминирани површини и дезинфицирање на мобилните телефони, менито и заедничките површини, можеме значително да го намалиме нашето изложување на бактерии.
Колку и да звучи како нешто што сме го чуле уште во детска градинка или на настава по хигиена во основно училиште, примената на овие совети и создавањето навика за одржување на чистота можат значително да помогнат во запирањето на патиштата за пренос на инфекции и со тоа да помогнат и на себе и на другите. Сепак, и покрај основната училишната потреба за усвојување на овие навики, хигиената никако да стане приоритет за многу луѓе. А толку е лесно да се заштитиме себеси и луѓето околу нас од непотребни здравствени ризици.