Иако сите iPhone, Galaxy и Pixel телефони за 2024 година веќе се претставени, сè уште не сме завршиле со главните флегшип изданија, а потенцијално најголемо влијание врз идните модели би можел да има новиот OnePlus 13 телефон
Технички, еден од најинтересните уреди следната година е OnePlus 13, кој всушност ќе биде претставен во Кина на овогодишниот празник Ноќ на вештерките, што ќе ни обезбеди спектакуларен увид во тоа што нè очекува кога телефонот ќе стане достапен глобално.
Како што обично е случај со телефоните на компанија што не прифаќа компромиси, веќе знаеме речиси сè за следниот флегшип, и навистина изгледа дека OnePlus поставува нови стандарди.
Импресивни спецификации на телефонот:
- Најновиот Snapdragon 8 Elite чипсет,
- 24 GB RAM, идеални за истовремено извршување на повеќе задачи и AI-интензивни задачи,
- Тројна камера од 50 MP со Sony LYT808 сензор,
- Голема батерија од 6.000 mAh со супербрзо полнење од 100 W
- IP69 отпорност на вода и прашина, и
- OLED екран со локално освежување.
Иако сето ова звучи интригантно, последната ставка – локалното освежување – е особено возбудлива. Оваа технологија би можела да биде голем чекор напред во развојот на екраните и би можела да стане стандард во наредните години.
Сегашна состојба на екраните со високо освежување
Освежувањето на екраните се мери во херци (Hz) и се однесува на тоа колку пати во секунда екран го освежува приказот на сликата. Повеќето денешни флегшип телефони поддржуваат освежување од 120 Hz, што обезбедува мазни анимации. Меѓутоа, технички сите делови на екранот се освежуваат со иста брзина, што не е енергетски ефикасно и влијае на долговечноста на батеријата.
OnePlus 13 планира да го промени ова правило. Оваа технологија овозможува различни делови од екранот да се освежуваат со различни брзини. На пример, видео содржината може да биде освежена на полни 120 Hz, додека статичните делови, како коментарите под видеото, може да се освежуваат на многу пониска вредност, штедејќи ја батеријата.
BOE – чекор пред другите
Новата технологија е резултат на развојот на компанијата BOE, специјализирана во производство на екрани, чии OLED екрани се користат во моделот OnePlus 13. Овие иновации, кои неодамна беа претставени на BOE конференцијата, овозможуваат заштеда на енергија и до 65% во споредба со стандардните OLED екрани.
OnePlus е познат по тоа што е меѓу првите што воведува иновации во технологијата на освежување на екраните, и изгледа дека OnePlus 13 би можел да игра слична улога во иднината, поставувајќи тренд што другите Android производители би можеле да го следат, а можеби еден ден и Apple, пренесува Phone Arena.