Набљудувачки сателит на NASA забележал слика на необично обликуван облак над регионот Strath-Taieri на југотистокот на Нов Зеланд.
Сателитската слика, која ја сподели вселенската агенција NASA и која е снимена на 7. септември, прикажува необичен, долг облак сместен долж карпестиот планински ланец. Оваа чудна формација на облак често се појавува на истото место, што наведе локалното население да го нарече „Таиери миленик“.
Иако звучи како некаква вонземска научна фантастика, постои сосема разумно објаснување: тој необичен облак е алтохимулусен стационарен лентикуларен облак (ASLC), според класификацијата на NASA, кој настае кога ветровите наидат на стрмна пречка како што е планинскиот ланец. Ветарот тогаш се подига, создавајќи бран во кој воздухот на врвот на бранот доволно се оладува за да формира водена пареа која се кондензира во облаци.
„Додека облакот се формира на врвот на овој бран, тој останува речиси неподвижен на небото, а обликуван е од силни ветрови кои дуваат низ него“, објасни метеорологот на новозеландската служба MetService, Џон Ло во изјава за NASA.
Други ASLC облаци можат да попримат уште необични форми, појавувајќи се како гомила наслагани дискови или тесни чинии кои достигнуваат високо во небото.
Дури и „Таиери миленик“, кога се набљудува од страна, изгледа како повеќе слоеви наслагани облаци кои достигнуваат стотици метри во височина, давајќи му уште поупечатлив изглед налик на НЛО.
„Она што е уникатно за овие облаци е тоа што се многу динамични, и додека секој поединечен дел од воздухот поминува низ циклус на ладење и кондензација, загревање и испарување, облакот визуелно изгледа како да стои на место“, објасни посматрачот на времето Карл Филипоф во блог пост за Обсерваторијата на планината Вашингтон.
Со своите изразито остри рабови, „Таиери миленик“ всушност е резултат на многу силни сили во околината.
„Појавата на ‘Таиери миленикот’ е одличен показател за силните ветрови во повисоките слоеви на атмосферата“, објасни Ло.
Не е изненадување што летањето во близина на овој облак може да биде опасно и да резултира со силни турбуленции, според предупредувањето на NASA.