Apple и Samsung наводно размислуваат за преземање на Intel, што може да доведе до повисоки цени и поголемо влијание врз производството на паметни телефони и испораката на процесори
Како производителите на паметни телефони инсистираат на потенки, а побрзи уреди, дебелината на самиот процесор во телефонот станува клучна карактеристика. Поради тоа, не е изненадувачки што новите информации од индустријата сè почесто споменуваат дека Apple и Samsung се прилично ангажирани во насока на присоединување и купување на Intel.
Современите флегшип паметни телефони моментално користат 3 nm чипови. Ако производителите како Apple и Samsung сакаат да го задржат тенкиот дизајн на модерните телефони со зголемени перформанси, ќе им бидат потребни уште помали и потенки процесори. Иако просечниот корисник веројатно не се грижи за овие промени, во позадина се води вистинска битка.
На пример, Apple наводно обезбедил целокупна залиха на 2 nm чипови од компанијата TSMC (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company) за догледна иднина. Од друга страна, Samsung се обидува да развие свој сопствен 1,4 nm чипсет до 2027 година, што за сега оди доста тешко.
Информациите сугерираат дека дури ни iPhone 17 нема да има 2 nm процесори, што покажува дека на индустријата ѝ е потребно дополнително време за да го достигне овој ниво. Во меѓувреме, Samsung мораше да се откаже од Exynos процесорите за претстојните Galaxy S25 телефони, поради многу ниската стапка на исправни чипови и вкупниот принос на производство кој изнесува само 10 проценти.
Имајќи го ова предвид, преземањето на Intel навистина има логика. Што би значело преземањето на Intel за просечниот корисник? Прво, може да се очекува пораст на цените. Ако некоја од овие компании успее да обезбеди сигурно производство на сопствени чипсети, ќе може да ги диктира цените. Дополнително, со поголема контрола над производството, би се избегнале нарушувањата во снабдувањето, што би осигурало постабилни годишни изданија на производите.
Ако Apple го преземе Intel и успее да развие интерни модеми за iPhone, би можел да постигне рекордни профити. Ако Samsung го преземе Intel, конечно би можел да ги опреми сите свои уреди со Exynos чипови, без негативни реакции од корисниците, пренесува Phone Arena.