Snapdragon 8 Elite Leading Version би можел да го надмине Apple A18 Pro со Prime јадра на 4,57 GHz, а неговото лансирање се очекува во 2025 година во телефон кој ќе користи активно ладење
Најновиот Snapdragon 8 Elite е најбрзиот процесор на Qualcomm кој се вградува и ги напојува врвните мобилни уреди. Сепак, се очекува уште побрза верзија на овој чипсет, која би можела да конкурира на процесорот од новиот модел iPhone 16 Pro Max во популарните бенчмарк тестови. Оваа верзија би можела да се појави во супер флегшип телефон во 2025 година.
Qualcomm Oryon Prime јадрата, први од овој тип во мобилни уреди, веќе го поставија Snapdragon 8 Elite на врвот на листата на AnTuTu во моделот iQOO 13 со нова максимална работна фреквенција од 4,32 GHz.
Меѓутоа, сега се зборува за уште побрза верзија на истиот процесор, и тоа не е наводната верзија 8 Elite for Galaxy. Според доверливиот инсајдер Digital Chat Station, оваа нова верзија може да достигне брзина на Prime јадрата од 4,57 GHz, со што би можела да стане наследник на процесорот Snapdragon 8 Gen 3 Leading Version.
Новата верзија на 8 Elite сега се најавува како онаа која конечно ќе го надмине Apple A18 Pro во однос на перформансите на CPU и GPU јадрата. Наводно, постигнала Geekbench резултат во single-core тестот сличен на iPhone 16 Pro, околу 3.400 поени.
Сепак, ако е тоа случај, „Snapdragon 8 Elite Leading Version“ веројатно нема да биде достапен пред 2025 година. Се шпекулира дека ќе дебитира во паметен телефон со екран од 7 инчи и активно ладење — слично на идниот флегшип на RedMagic, познатиот гејминг бренд за мобилни телефони, пишува Notebookcheck