Компанијата Xiaomi во Кина ја претстави серијата на смартфони Xiaomi 15.
Се работи за моделите Xiaomi 15 и Xiaomi 15 Pro, кои се првите уреди со новиот Qualcomm процесор Snapdragon 8 Elite. Новата серија на врвни уреди носи значителни подобрувања во однос на ланската серија Xiaomi 14, вклучувајќи подобри камери, поголеми батерии и побрз процесор.
Серијата Xiaomi 15 доаѓа во до четири верзии, при што основната има 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија. Xiaomi 15 е достапен и во специјална Custom Edition верзија со 40 нијанси на бои, со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.
Основната верзија на Xiaomi 15 Pro нуди 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, и е достапна во црна, бела, зелена, лила и сребрена боја, како и во ограниченото издание Diamond Edition.
Спецификации на новите врвни модели
Xiaomi 15 има екран од 6,36 инчи со 1,5K резолуција и брзина на освежување од 120 Hz, додека Pro моделот има поголем 6,73-инчен 2K микро-заоблен OLED екран со истата брзина на освежување од 120 Hz. Максималната осветленост кај двата уреда изнесува 3.200 нита, и користат приспособен M9 материјал за осветлување кој ја намалува потрошувачката на енергија за 10 проценти.
Исто така, двата уреда ги напојува новиот Qualcomm процесор Snapdragon 8 Elite. Што се однесува до RAM и меморијата, серијата Xiaomi 15 може да има до 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.
Xiaomi 15 има главна LightHunter 900 камера од 50 MP, ултраширока камера од 50 MP и 3,2x телефото леќа од 50 MP. На предната страна се наоѓа OmniVision OV32B40 камера од 32 MP.
Pro моделот ја има истата главна камера од 50 MP, Samsung JN1 ултраширока камера од 50 MP, како и 50 MP Sony IMX858 5X перископска леќа.
Стандардниот модел го напојува батерија со капацитет од 5.400 mAh со поддршка за 90W жично и 50W безжично полнење. Pro моделот доби поголема батерија со капацитет од 6.100 mAh, со истите опции за брзо полнење.
Двата уреди користат HyperOS 2.0 базиран на Android 15 и се првите мобилни телефони со најновиот прилагоден OS. Исто така, двата модели се отпорни на вода и прашина според стандардот IP69 и имаат ултразвучен сензор за отпечатоци.
Дизајн и новини
Изгледот е сличен на претходниот од серијата Xiaomi 14, со рамни рабови и екран со мала дупка за селфи камерата. Малите промени се забележуваат на задната страна, каде LED блицот сега е поставен надвор од модулот за камера.
Веќе е спомнат новиот и помоќен Snapdragon 8 Elite процесор, а голем чекор напред претставува и капацитетот на батеријата. Xiaomi 14 имаше батерија од 4.610 mAh, додека наследникот има батерија од 5.400 mAh. Xiaomi 14 Pro беше напојуван со батерија од 4.880 mAh, додека 15 Pro доби батерија од 6.100 mAh.
Кога станува збор за камерите, продолжена е соработката со Leica, а подобрувањата се особено забележливи кај телефото леќата.
Конфигурации
Xiaomi 15 ќе биде достапен во четири конфигурации за меморија, а тоа се 12/256 GB, 12/512 GB, 16/512 GB и 16 GB/1 TB. Custom Edition верзијата е достапна само со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.
Купувачите на Pro моделот ќе имаат на располагање три опции, а тоа се 12/256 GB, 16/512 GB и 16 GB/1 TB.
Информации за достапноста и цените на глобалниот пазар сè уште не се објавени.