Европската инвестициска банка (EIB) ќе обезбеди 650 милиони евра за компанијата Elia Transmission Belgium и на тој начин ќе помогне во изградбата на првиот енергетски вештачки остров во светот.
Вештачкиот енергетски остров ќе произведува 3,5 GW енергија за Белгија и ќе користи енергија од ветер. Ова е дел од планот на спомнатата земја да овозможи премин на “зелена” енергија. Средствата се насочени кон реализација на првата фаза на проектот наречен Princess Elisabeth Island.
ETB наведува дека проектот е клучен за белгиската и европската енергетска транзиција и дека ќе помогне „големи количини на ветровита енергија од Северното море да се доведат до потрошувачките центри на копно”. Договорот беше потпишан на 25. октомври во Влисинген, Холандија.
Островот Princess Elisabeth Island ќе биде изграден до 2027. година и ќе се наоѓа 45 километри од белгиската обала во ветрена зона Princess Elisabeth.
Островот е еден од клучните проекти на ETB и првиот вештачки енергетски остров во светот. Проектот има за цел да интегрира 3,5 GW дополнителен офшор капацитет од ветер во белгиската електрична мрежа, со цел да напојува повеќе од три милиони домаќинства.
Островот ќе ја намали зависноста на Белгија од фосилни горива и ќе обезбеди поевтина “зелена” електрична енергија. Тој ќе даде значаен придонес во постигнувањето на целите на Европската унија, кои се однесуваат на обновлива енергија и климатска неутралност.
Првите кесони, односно темелите на островот, моментално се градат во Влисинген и наскоро ќе бидат потопени во море и исполнети со песок, со цел да се формираат темелите.
Инфраструктурата висок напон инсталирана на островот ќе ги поврзе извозните кабли на ветерниците во зоната Princess Elisabeth и ќе служи како чвориште за идните интерконектори, кои ќе ја поврзуваат Белгија со Велика Британија и другите земји.
Овие хибридни интерконектори ќе овозможат размена на електрична енергија помеѓу Белгија и нејзините соседи, а истовремено ќе бидат поврзани со големите офшор ветерници во Северното море. На тој начин, Белгија во крајна линија ќе се снабдува со големи количини обновлива енергија.