Oppo Find N5 донесува батерија од 5.700 mAh, Snapdragon 8 Elite чипсет и тројна камера од 50 мегапиксели во ултратенок дизајн, а уредот е најавен за почетокот на 2025 година.
Долгоочекуваниот Oppo Find N5, наследник на еден од најистакнатите телефони на преклоп од 2023 година, се очекува во првиот квартал од 2025 година. Новите детали откриваат спецификации за камерата, батеријата и екранот.
OnePlus Open 2/Oppo Find N5 доаѓа со батерија од 5.700 mAh, Snapdragon 8 Elite чипсет, тројна камера од 50 MP и уште многу други карактеристики.
Најпрво, да разјасниме можна конфузија: OnePlus Open 2 ќе постои како глобална верзија под името Oppo Find N5, слично како што претходниот Oppo Find N3 беше ребрендиран како OnePlus Open за пазарите надвор од Кина.
Според познатиот извор Digital Chat Station, прототипот на моделот Oppo Find N5 го следи дизајнот на својот претходник, Find N3, со истакнат кружен модул на системот за камерата на задната страна. Се наведува дека големината на екранот е зголемена, иако специфичните димензии сè уште не се откриени, но претходно протечен податок укажа на поддршка за 2K+ резолуција.
Oppo Find N5 може да ја преземе титулата за најтенок преклоен смартфон
Под елегантниот дизајн, Oppo Find N5 или OnePlus Open 2 доаѓа со најновиот Snapdragon 8 Elite чипсет, што може да го направи првиот телефон на преклоп во светот со овој напреден процесор. Што се однесува до батеријата, новиот модел нуди значителен напредок со батерија во „dual-cell“ конфигурација (2.460 mAh + 3.105 mAh) и вкупен капацитет од 5.700 mAh. Наводно, ќе поддржува безжично и магнетско безжично полнење.
Кога станува збор за камерите, Oppo Find N5/OnePlus Open 2 би можел да вклучи Hasselblad оптимизиран троен систем на камери со:
- Главна камера од 50 мегапиксели
- Ултраширока леќа од 50 мегапиксели
- Перископ телефото камера од 50 мегапиксели со 3x оптички зум
Уште една извонредна карактеристика на моделот Find N5 е неговиот изразито тенок дизајн, кој наводно ќе биде околу 9 мм дебелина кога е преклопен, според претходно објавени податоци. За да го одржи овој елегантен профил, компанијата планира употреба на специјален тенок USB-C порт.
За споредба, најтенкиот телефон на преклоп моментално на пазарот е Honor Magic V3, со 4,35 мм дебелина кога е расклопен и 9,2 мм кога е преклопен. Ако се покажат точни овие шпекулации за дизајнот на OnePlus Open 2, Oppo и OnePlus би можеле да ја преземат титулата за најтенок телефон на преклоп од Honor.
Со сите овие карактеристики, изгледа дека OnePlus Open 2 е подготвен да го надмине наследството на својот претходник и да стане еден од најдобрите телефони на преклоп на пазарот, пренесува Phone Arena.