Специјалната верзија на Samsung Galaxy Z Fold, претставена минатата недела, се распродаде за само 10 минути од почетокот на продажбата, и покрај високата цена од 1.850 евра.
Samsung минатата недела го претстави Galaxy Z Fold Special Edition, својот нов преклопен смартфон кој донесува бројни подобрувања во однос на актуелниот Fold 6, вклучувајќи поголеми екрани со попријатен сооднос на сликата, потенок профил и главна камера од 200 MP.
Иако овој уред беше пуштен во продажба само во Јужна Кореја и по значителна цена од околу 1.850 евра, се распродаде со рекордна брзина – за само 10 минути.
Како што пренесува порталот SammyFans, продажбата на посебната верзија на Z Fold доцнеше седум часа, бидејќи на Samsung му беше потребно време за да ја процени количината на производство и да одлучи за бројот на уредите кои ќе ги пушти на пазарот во првата серија.
Точниот број засега не е познат, но се знае дека многу јужнокорејски продавници и телекомуникациски оператори не го добиле овој мобилен поради недостаток на залихи.