Новата функција се вика Netflix Moments и е претставена на корисниците со оперативниот систем iOS, односно корисниците на iPhone.
Долго чекавме Netflix да ја добие функцијата што ја имаат многу апликации и тоа конечно се оствари.
Досега не можеше да се прават слики од екранот додека се гледа Netflix, но тоа сега се промени. Според компанијата, корисниците ќе можат да креираат и споделуваат слики од екранот.
Новата функција се вика Netflix Moments и е претставена на корисниците со оперативниот систем iOS, односно корисниците на iPhone.
На корисниците им е овозможено да го паузираат филмот или серијата што ги гледаат, потоа да го зачуваат на својата сметка она што штотуку го гледале, а потоа да го споделат со пријателите преку социјалните мрежи, апликациите за пораки итн.
Корисниците ќе можат да видат се што е зачувано во секцијата My Netflix, а во следните неколку недели оваа функција ќе пристигне и на телефоните со Android.