Honor ја претстави во Кина новата серија паметни телефони од висока класа, Magic7, за која се очекува наскоро да биде достапна и на светскиот пазар.
Телефоните имаат екрани со слични карактеристики: LTPO OLED панели со дијагонала од 6,78 инчи (рамен) и 6,8 инчи (zaoblen) и резолуции од 1264 x 2800 и 1280 x 2800 пиксели. Брзината на освежување е адаптивна од 1 до 120 херци, а максималната светлина во HDR режим достигнува 5000 нити. Поддржани се технологии како Dolby Vision и HDR Vivid, а исто така има и решенија за заштита на очите. Очекувано е и издржливо заштитно стакло.
Во основата на двата модела е новиот водечки чипсет Snapdragon 8 Elite во комбинација со до 16GB RAM и до 1TB простор за складирање. Батериите имаат капацитети од 5650 mAh и 5850 mAh и поддржуваат жично полнење до 100W и безжично до 80W. Софтверски, телефоните работат на MagicOS 9.0, базиран на Android 15, кој вклучува многу функционалности со вештачка интелигенција.
Основната камера на Magic7 Pro вклучува главен сензор од 50MP (1/1.3“) со променлива бленда f/1.4 – f/2.0 и оптичка стабилизација на сликата (OIS). Покрај него има и 50MP ултраширок објектив кој служи и за макро-фотографии, како и 200MP перископска камера со 3x оптички зум и OIS Optical SteadyShot. Предната камера е двојна со 50MP и 3D сензор.
Magic7 има поскромна конфигурација со главен сензор од 50MP со бленда ƒ/1,9, идентичен ултраширок објектив од 50MP, и 50MP телефото објектив со 3x зум и OIS. Селфи камерата е 50MP.
И двата телефона се сертифицирани за отпорност на прашина и вода со IP68/69. Меѓу другите параметри се вклучени сателитска конекција, Wi-Fi 7, Bluetooth 5.4 и NFC. Magic7 Pro е достапен во сива, бела, сина и црна боја, додека Magic7 има и дополнителна опција во портокалова боја. Цените за Magic7 започнуваат од 4999 јуани (585 евра), а за Pro верзијата од 6199 јуани (740 евра).
Honor Magic7 Pro серијата наскоро ќе има и меѓународно деби на глобалниот пазар.