Вчера, заедно со останатите нови уреди, Xiaomi го претстави новиот модел на фитнес нараквица Smart Band 9 Pro. Оваа линија традиционално се разликува од основната Smart Band серија со поголем, правоаголен екран.
Екранот е AMOLED со дијагонала од 1.74 инчи, резолуција од 336 x 480 пиксели и максимална осветленост од 1200 нити. Изработен е од алуминиумска легура, тежи нешто помалку од 25 грама и е достапен во сребрена, розова и црна боја, со избор од различни ремчиња.
Моделот е водоотпорен (со серификат 5ATM), што значи дека може да се користи и за пливање. Батеријата нуди издржливост до 21 ден со едно полнење или 10 дена со функцијата Always on Display.
Исто така, има NFC, Bluetooth 5.4 и GPS поврзување, а на софтверско ниво е користен HyperOS. Уредот може да следи над 150 видови спортски тренинзи и да мери здравствени показатели како пулс, ниво на кислород во крвта, квалитет на сон и стрес.
Во Кина, цената на Smart Band 9 Pro изнесува околу 52 евра