Корисниците на Android подолг период мораа да ја чекаат новата верзија на Android 15, која конечно пристигна оваа есен, а веќе се познати и термините за следните две надградби на оперативниот систем на Google.
Очигледно е дека дојде до промена во темпото на надградбите, бидејќи следната голема надградба за Android е закажана за вториот квартал на 2025 година. Google соопшти дека промената има цел да го синхронизира објавувањето на новиот Android со распоредот на лансирање на уредите низ екосистемот, што ќе овозможи поголем број уреди порано да ја добијат новата надградба.
Ова е позитивна вест за производителите на мобилни уреди, кои претходно чекаа неколку месеци за најновата надградба на оперативниот систем.
Освен главната надградба во првата половина на годината, во четвртиот квартал на 2024 година е предвидена и помала надградба на Android, која ќе се фокусира на идни подобрувања, оптимизација и отстранување на грешки. Оваа помала надградба нема да донесе промени кои влијаат на функционирањето на апликациите.