ProMotion досега беше ограничен само на Pro моделите, откако дебитираше со iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max во 2021 година, поради што голем број корисници очекуваат проширување на оваа функција на iPhone 17 и на наводниот iPhone 17 Air.
Според индустриски извор цитиран од јужнокорејскиот ETNews оваа недела, сите четири модели на iPhone 17 што ќе се појават следната година ќе бидат опремени со LTPO дисплеи со ниска потрошувачка на енергија. Иако извештајот не го спомнува ова директно, користењето на LTPO технологијата укажува дека целата iPhone 17 серија ќе биде опремена ProMotion дисплеи со променливи стапки на освежување до 120Hz.
ProMotion досега беше ограничен само на Pro моделите, откако дебитираше со iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max во 2021 година, па проширувањето на оваа функција на iPhone 17 и на наводниот iPhone 17 Air би било значајно. Според извештајот, LTPO дисплеите за сите модели на iPhone 17 ќе ги обезбедат Samsung и LG.
LTPO (поликристален оксид на ниска температура) е технологија на OLED дисплеи која овозможува променлива стапка на освежување со намалена потрошувачка на енергија, обезбедувајќи ProMotion да не влијае значително на траењето на батеријата.
ProMotion дисплеите на iPhone имаат пофлуидно прелистување и репродукција на видеа. ProMotion исто така би овозможил iPhone 17 и iPhone 17 Air да ја намалат стапката на освежување за поефикасна потрошувачка на енергија. iPhone 13 Pro моделите можат да се намалат на 10Hz, додека моделите од iPhone 14 Pro до iPhone 16 Pro можат да се намалат до 1Hz, што овозможува Always-On дисплеј со различни елементи на заклучениот екран дури и кога уредот е заклучен. Не е јасно дали iPhone 17 и iPhone 17 Air ќе можат да се намалат на 10Hz или на 1Hz.
Претходно, Извршниот директор на Display Supply Chain Consultants, Рос Јанг го информираше порталот MacRumors дека iPhone 17 и iPhone 17 Air веројатно ќе поддржуваат ProMotion, а повеќе пати беше шпекулирано дека функцијата ќе биде проширена на целата iPhone 17 серија.
Стандардните iPhone 16 и iPhone 16 Plus модели сѐ уште имаат дисплеи со стапка на освежување од 60Hz. Се очекува Apple да ја објави iPhone 17 серијата во септември 2025 година.