Иако на прв поглед Link Manager може да изгледа непотребен, кога веб-прелистувачите ја интегрираат можноста за управување со фаворити, за оние кои бараат брз начин да зачуваат линкови што подоцна лесно ќе ги пронајдат – оваа апликација може да биде одличен избор.
Сè повеќе корисници за прелистување на интернетот користат паметни телефони, но тоа не значи дека задолжително се користат мобилните верзии на веб-прелистувачите, бидејќи постојат многу други апликации што овозможуваат елегантно консумирање на разновидни содржини. Затоа, кога треба да се зачува линк до некоја корисна содржина за подоцнежна референца, потребно е да се потпреме на други методи.
Една од тие методи е користењето на специјализирани апликации, како што е Link Manager. Не е нешто спектакуларно моќна, ниту софистицирана (има значителен простор за подобрувања), но оваа апликација може да биде корисна. Додавањето линкови е прилично едноставно, а особено е практично што можат да се организираат во прилагодени фолдери.
Со секој линк може да се додадат белешки, а клучната функција на апликацијата е поддршката за пребарување, како и опцијата за експорт и импорт на податоците. Од друга страна, основниот недостаток е што не нуди можност за директно споделување на линковите од други апликации во Link Manager, па засега линковите мора да се внесуваат со копирање од меѓумеморијата или рачно.
Апликацијата нуди едноставен кориснички интерфејс и некој неочекуван детал, како што е можноста пристапот до апликацијата да се ограничи со биометрија. Сепак, оние кои бараат навистина едноставна апликација за управување со линкови што сакаат лесно да ги пронајдат подоцна, може да проверат што нуди Link Manager. За оние кои бараат пософистицирана алатка, секогаш се тука апликациите како Pocket или Instapaper.