Во соопштението за медиуми објавено пред неколку дена, Apple објави дека MacBook Air линијата сега стартува со 16GB RAM, наместо 8GB како претходно. Оваа промена важи за 13-инчните модели со M2 и M3 чипови, како и за 15-инчниот модел со M3 чип. Цената на MacBook Air во САД останува 999 долари, што значи дека зголемувањето на RAM меморијата нема да донесе поскапување.
Оваа надградба е дел од поголемото усогласување на Mac линијара, бидејќи Apple исто така ги зголеми основните конфигурации за iMac, Mac mini и основниот 14-инчен MacBook Pro на 16GB RAM, со што завршува ерата на 8GB RAM за Mac уредите, што беше предмет на критики подолг период.
Како дополнување, највисоките конфигурации на MacBook Air сега вклучуваат 24GB RAM без дополнителни трошоци. Освен зголемувањето на RAM меморијата, Apple не најави други промени за MacBook Air. Најновите 13-инчни и 15-инчни MacBook Air модели со M3 чип беа објавени во март оваа година, а се очекуваат нови модели со M4 чип во март следната година.

