Спортска еуфорија во општина Аеродром: љубителите на фудбалот и спортската рекреација добија нов дом
Фудбалскиот клуб Аеродром денеска официјално го реотвори новото фудбалско игралиште, кое е лоцирано во непосредна близина на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. По девет месеци напорна работа, овој современ фудбалски терен конечно е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот и спортската рекреација. Покрај новото современо игралиште, бешепромовирано и новото лого на ФК Аеродром, а беше презентирана и новата маскота на клубот, наречена Дромко.
Настанот, кој се одржа под слоганот #СекогашСпремни, беше збогатен со присуството на Министерот за спорт, Борко Ристовски и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кои со поздравни говори официјално го отворија новото фудбалско игралиште на ФК Аеродром. Официјалниот дел беше пропратен со изведба на химната од нашата позната пејачка Сара Мејс, а за музичкаподдршка беше задолжен и DJ Мац. Слоганот #СекогашСпремни го одразува духот на ФК Аеродром – секогаш подготвени за нови предизвици, спортски победи и заеднички успеси.
Министерот Ристовски, од името на Министерството за спорт изрази гордост за новиот проект, истакнувајќи ја неговата важност за младите и развојот на спортот во Општина Аеродром.
„Ми претставува огромно задоволство што зaедно ќе го отвориме ова ново фудбалско игралиште, кое не е само спортски терен, туку е простор за развој, дружба и остварување на соништата на многу млади таленти. Ова игралиште е од голема важност за локалната заедница и за нашата иднина, како и за идните млади спортски таленти. Со ова придонесуваме младите да имаат можност да тренираат, да ги развиваат своите способности и да учат во тимска работа и дисциплина. Јас како министер за спорт, целосно сум посветен на тоа да го поддржиме спортот на локално и на национално ниво. Овој проект е само еден од многуте кои ќе ја унапредат спортската инфраструктура во нашата земја. Посебно ми е драго што денеска, со отворањето на ова игралиште, правиме важен чекор напред за младите од општина Аеродром и за сите љубители на фудбалот“, изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, го изрази задоволството од збогатувањето на општината со новиот спортски центар и ја нагласи важноста на поддршката за спортот и младите таленти.
„Ми претставува големо задоволство што денескаприсуствувам на овој свечен настан. Фудбалскиот терен накој се наоѓаме доби нов cjaj, а нашата Општина се збогатисо уште еден модерен и современо уреден спортски центар.Упатувам голема благодарност и искрени честитки до ФКАеродром, од каде со голема посветеност работеа на овојпроект и создадоа уште едно место на кое аеродромци ќе можат да спортуваат и да се дружат. Особено сум среќеншто нашиот Аеродром продолжува достојно да го носиепитетот – на спортска Општина. Сигурен сум дека токму од тука ке излезат нови спортски таленти кои ќе jа претставуваат Македонија на светските терени и за кои ситезаедно гордо ке навиваме“, истакна в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Двочасовниот настан беше исполнет со забава и активности за сите возрасти, меѓу кои и специјален натпревар во кој учествуваа познати личности, како и возбудлив детски турнир на кој младите фудбалери за првпат имаа можност да го испробаат новиот терен.
Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и за организирање натпревари, што го прави одлична локација за сите спортски ентузијасти во Општина Аеродром.