Samsung најави дека фокусот на S25 серијата ќе биде на подобрување на целокупното Galaxy AI искуство, а не на нов, унапреден хардвер.
Додека S24 серијата добро се продава ширум светот, јавноста има големи очекувања во однос на лансирањето и промените во дизајнот на следната Galaxy S25 генерација на флегшип уреди на Samsung.
Samsung даде релевантни најави во својот најнов јавен финансиски извештај за третиот квартал од 2024 година. Компанијата соопшти дека Galaxy S25 серијата ќе биде лансирана во првата половина на 2025 година. Планирано е понатамошно подобрување на секојдневните иновации преку фокусирање на подобрување на целокупното Galaxy AI искуство, а исто така се планира да се засили маркетингот со цел зголемување на продажбата.
Ова објаснување покажува дека главниот акцент на Galaxy S25 серијата ќе биде насочен кон AI функциите, додека промените во хардверот можеби нема да бидат приоритет, односно ќе бидат во втор план.
Почнувајќи од S24 серијата, Galaxy AI функциите добиваат сè поголеми пофалби од корисниците и пазарот. Овие функции не само што се присутни кај флегшип моделите, туку дел од нив се пренесени и на модели од средната класа, што ги покажува амбициите на Samsung за широка употреба на AI асистенција.
Во однос на временската рамка за лансирање на Galaxy S25 моделите, бидејќи S серијата на Samsung обично се објавува во првата половина на годината, изразот „лансирање во првата половина на годината“ во финансискиот извештај е всушност продолжение на вообичаениот ритам за претставување на новите Galaxy телефони и не претставува посебна новост. Вреди да се спомене дека Galaxy S24 серијата беше претставена средината на јануари оваа година, па се очекува и Galaxy S25 серијата да биде најавена во слично време. Дополнително, Samsung потврди дека следната година ќе лансира XR уред со цел да го прошири своето присуство на пазарот на носечки уреди. Индустријата генерално верува дека овој потег е позитивен одговор на Samsung на Apple Vision Pro и дека ќе предизвика нова пазарна конкуренција во иднина.