Мистериозен Google чипсет се појави во листата на GeekBench резултати со моќни спецификации – дали ова е новиот Tensor G5?
Има многу интересни факти поврзани со потенцијалниот развој на идните Google Tensor процесори. Недавно се појавија многу прелиминарни информации за Tensor G5 и G6 чиповите, според кои TSMC ќе ја преземе производството на чиповите од Samsung.
Tensor G5, конкретно, ќе го носи кодното име „лагуна“, ќе биде произведен на 3nm N3E процес на TSMC и ќе користи 1x Arm Cortex-X4 главно, ултра брзо јадро, потоа 5x Cortex-A725 јадра за перформанси и 2x Arm Cortex-A520 единици за ефикасност, како и двојно Imagination Technologies јадро (IMG) DXT-48-1536 со работен такт од 1.1 GHz.
Во нов и интересен развој на настаните, мистериозен уред со кодно име „Google Frankel“ сега се појави на GeekBench. Многумина веруваат дека ова е всушност Tensor G5. Конфигурацијата на CPU се совпаѓа, со едно главно јадро кое работи на до 3.40 GHz, пет јадра со високи перформанси кои работат на до 2.86 GHz и две јадра за ефикасност со работен такт до 2.44 GHz.
Меѓутоа, според непотврдени информации, чипот користи Power VR графика, а не Imagination Technologies (IMG) DXT-48-1536. Вреди да се напомене дека Power VR сè уште припаѓа на семејството на производи и GPU кои ја користат архитектурата на Imagination Technologies, така што ова не е голема разлика во информациите.
Исто така, ова би можела да биде грешка и големо прашање е дали овој GeekBench резултат навистина го прикажува Tensor G5. Во секој случај, не треба премногу да се обрнува внимание на резултатите од тестирањето, бидејќи ова е ранен прототип на процесорот, пренесува GSM Arena.