Huawei кон средината на овој месец (ноември) ќе ја претстави серијата уреди Mate 70.
Станува збор за четири модели: Mate 70, Mate 70 Pro, Mate 70 Pro+ и Mate 70 Ultimate Design, ако може да му се верува на дојавувачот DigitalChatStation.
Шемата на претставување е идентична на ланската серија Mate 60, која се состоеше од моделите Mate 60, Pro, Pro+ и Ultimate Design. Очекувањето е дека новите уреди „ќе ја видат светлината на денот“ на 19 ноември, прво во Кина, а потоа и глобално.
Сите модели ќе понудат врвни перформанси, но малку разлики ќе постојат во нивниот дизајн и функциите на камерата. Mate 70 и Pro би требало да имаат кружен модул за камера сличен на оној од серијата Mate 50, но со поголем радиус, додека Mate 70 Ultimate Design ќе добие осмоаголна рамка.
Mate 70 Pro ќе добие главна камера од 60 MP во пар со ултраширока и телефото камера од 48 MP. Ова ќе биде подобрување во однос на претходникот, а се очекува и воведување на AI функции и дигитални подобрувања.
Сите модели од серијата ќе бидат покренувани од новиот ефикасен 5nm Kirin процесор. Стандардниот Mate 70 ќе користи 3D систем за препознавање лице, кој ќе му конкурира на Apple Face ID системот. Се шпекулира и за премин од сензор поставен под екранот, на сензор интегриран во “power” копчето, како и за двојна OS функционалност.
Уредите од Mate серијата се познати по иновациите, а што ќе донесат новите модели, ќе дознаеме наскоро.