Realme го претстави својот најнов флегшип смартфон во Кина, а станува збор за GT7 Pro базиран на премиум чипсетот Snapdragon 8 Elite. Телефонот се истакнува со Eco2 OLED Plus екран со дијагонала од 6,78 инчи, густина на пикселите од 450 пиксели по инч, стапка на освежување до 120 херци и осветленост од 6000 нита. Има поддршка за HDR10+ и Dolby Vision, како и отвор за 16MP селфи камера.
Покрај најмоќниот чипсет во моментот, телефонот располага со 12GB/16GB LPDDR5X RAM и 256GB/512GB/1TB простор за складирање UFS4.0. Realme GT7 Pro има батерија со капацитет од 6500 mAh и поддржува брзо жично полнење со моќност до 120 вати.
Главната камера е тројна и се состои од 50MP (1/1.56”) сензор Sony IMX906 со оптичка стабилизација и бленда f/1.8, 50MP (1/1.56”) Sony IMX882 со телефото оптика и оптичка стабилизација, како и 8MP со ултраширок агол.
Софтверски, уредот користи Android 15 со Realme UI 6.0, која вклучува повеќе функционалности со вештачка интелигенција, како што се Sketch to Image, Motion Deblur, AI Snap Mode, Game Super Resolution и Gaming Super Frame. Телефонот има IP68/69 сертификат, што овозможува нов специјален режим за подводна фотографија.
Realme GT7 Pro е достапен во портокалова, сива и бела боја, со стартна цена во Кина од 465 евра. Очекуваме моделот наскоро да биде достапен и на меѓународниот пазар.