Веќе подолго време се шпекулира дека Samsung ќе претстави подостапен стартен модел во својата Z серија уреди, но речиси е сигурно дека тоа нема да биде преклопниот Z Fold во стилот на „книга“. Новите гласини навестуваат дека изборот паднал на Z Flip, кој би можел да пристигне заедно со претстојниот Galaxy S25 Slim во април.
Новиот извештај не открива детали за спецификациите и цената на очекуваниот Galaxy Flip FE, но се совпаѓа со лансирањето на Galaxy Z Fold7, што може да значи и Z Flip7, бидејќи Samsung обично ги претставува Fold и Flip заедно.
Во 2025 година Samsung би требало да претстави два Fold модели, но останува да се види дали еден од нив ќе ја носи ознаката FE. Поверојатното сценарио е основниот Galaxy Z Fold7 како наследник на моделот Z Fold6 и новата верзија на специјалното издание Z Fold.