Новинарот на Bloomberg потврди дека MacBook Pro веројатно ќе добие целосен редизјан во 2026 година.
Според новинарот Марк Гурман од Bloomberg, Apple ќе објави „целосно редизајниран“ MacBook Pro во 2026 година. Apple традиционално користи четиригодишен циклус на дизајн за MacBook Pro, но изгледа дека ажурирањето со M5 ќе биде само надградба со нови чипови – и ќе треба да почекаме уште една година за комплетно редизајнирање.
Во викенд-изданието на својот билтен Power On, Марк Гурман напиша дека „MacBook Pro веројатно нема да добие вистинско редизајнирање до 2026 година.“ Според Гурман, Apple првично планирал целосен редизајн а MacBook Pro во 2025 година, но имало доцнење поврзано со технологијата на дисплејот.
Се очекува дека Apple ќе премине на OLED екрани при следниот голем MacBook Pro редизајн, позајмувајќи го овој дисплеј од новите M4 iPad Pro модели.
Новиот MacBook Pro треба да има и потенко куќиште. Претходно, Apple ги направи MacBook Pro моделите малку подебели кога премина на сопствени чипови, но сега изгледа дека Apple ќе се врати на потенок дизајн. Се надеваме дека ова нема да предизвика поголеми компромиси.
Гурман исто така спомнува дека M6 чипот веројатно ќе биде изработен на нов процес од 2 нанометри, донесувајќи нова технологија на дисплејот, нов дизајн и големо подобрување во перформансите, сето тоа во еден редизајн.
Што се однесува до MacBook Pro моделите за 2025 година, може да се очекува надградба на M5, M5 Pro и M5 Max чиповите, но нема да има ништо значајно надвор од тие надградби на чиповите.