Оppo планира да ја претстави Reno13 серијата само шест месеци по Reno12 моделот, со батерија од 5.900 mAh, 80 W полнење и 50 MP телеобјективна камера.
Оppo планира да ја претстави Reno13 серијата на 25 ноември, само шест месеци по лансирањето на Oppo Reno12 моделот во Кина. Според информациите што ги сподели Digital Chat Station, новата средна класа на телефони ќе има поголем капацитет на батеријата.
Оppo традиционално ја обновува Reno серијата на секои шест месеци, така што пристигнувањето на новата линија не е изненадување. Се очекува серијата да ги вклучи моделите Reno13 и Reno13 Pro. Иако деталите за стандардниот модел сè уште не се познати, некои информации за Pro верзијата веќе се појавиле на интернет.
Новите Reno13 Pro се претпоставува дека ќе имаат 6,78 инчен LTPO OLED екран со заоблување на сите четири страни и батерија од 5.900 mAh. Батеријата ќе поддржува 80 W жично полнење, 50 W безжично полнење, а постои и можност за воведување на магнетно полнење. Друга значајна надградба во однос на претходникот е очекуваната 50 MP телеобјективна камера со 3x оптички зум, пишува GSM Arena.