Тим истражувачи од Универзитетот Корнел создаде нов тип порозни кристали кои можат да се користат за спречување на експлозија на литиум-јонски батерии
Научниците од Универзитетот Корнел постигнале значајно откритие кое може да го реши проблемот со експлодираните батерии. Литиум-јонските батерии се од суштинско значење за напојување на многу модерни уреди, од паметни телефони до електрични возила, но тие имаат проблеми со нестабилноста, што може да доведе до пожари или експлозии.
Овој проблем често се појавува поради формирање на дендритни наслаги — шилести кристали кои можат да се создадат помеѓу анодата и катодата на батеријата кога се користат течни електролити. Дендритите можат да го пробијат сепараторот помеѓу електродите, што доведува до краток спој и потенцијална експлозија.
Тимот истражувачи од Корнел разви нов тип порозни кристали кои можат да ги заменат традиционалните течни електролити. Овие кристали дозволуваат проток на јони низ батеријата, но го спречуваат формирањето на дендритите. Користејќи молекуларни кафези и три макроциклични структури со вградени пори, тие создале структура која обезбедува доволно простор за складирање и движење на јоните, додека истовремено ја одржува стабилноста на батеријата.
Нова кристална батерија има добра спроводливост
Овој нов дизајн е некаде помеѓу побезбедните цврсти и поефикасните течни батерии. Експериментите покажале дека оваа кристална батерија има добра проводливост, што е ветувачко за нејзината примена во реални уреди.
Истражувачите ги објавија своите наоди во списанието Journal of the American Chemical Society, отварајќи пат за понатамошни истражувања и потенцијална комерцијализација на оваа технологија. Ако оваа иновација се покаже успешна во поширок обем, таа би можела значително да ја подобри безбедноста на батериите во електронските уреди и да го намали ризикот од пожари или експлозии поврзани со литиум-јонските батерии.