Apple потврди дека присилното затворање на апликации на iPhone може да потроши повеќе батерија отколку оставањето на апликациите во позадина.
Ако сте навикнати да ги затворате апликациите на вашиот Apple телефон за да заштедите батерија, можеби ќе сакате да ја промените таа навика. Иако изгледа нелогично дека оставaњето на апликациите отворени ќе заштеди батерија, Apple тврди дека всушност тоа е вистина.
На официјалниот форум на Apple за дискусија, технолошкиот гигант потврди дека iPhone троши помалку батерија кога ги извршува апликациите во позадина. „Кога се појавуваат вашите неодамна користени апликации, тие не се отворени, туку се во состојба на подготвеност за да ви помогнат при навигација и мултитаскинг“, објасни Apple.
Очигледно, овие апликации може да останат активни „кратко“ по престанокот на користењето, но брзо преминуваат во состојба на подготвеност, што значи дека не се „активно во употреба, отворени или зафаќаат системски ресурси“.
Практично, постојаното затворање на апликациите може всушност повеќе да ја испразни вашата батерија. Apple тврди дека апликациите треба да се присилно затворат само ако не реагираат.
Технолошкиот блогер Џон Грубер го објаснува ова едноставно: „Не само што присилното затворање на вашите апликации не помага, туку всушност штети. Животниот век на вашата батерија ќе биде полош и ќе ви треба многу подолго време за да ги покренете апликациите ако ги присилно затворате во позадина.“
„Тоа е затоа што апликациите во позадина ефективно се ‘замрзнати‘“, објасни тој. „Оваа состојба значително го ограничува она што можат да го прават во позадина, додека истовремено ослободува RAM што го користеле.“ Ова е причината зошто iOS софтверот во Apple уредите е толку напреден.
Според Грубер: „Оdmрзнувањето на замрзната апликација троши многу помалку CPU (и енергија) отколку повторното покренување на апликација која била присилно затворена.“
Многумина од нас веројатно се навикнати на оваа практика, па прилично е шокантно да слушнеме дека нашата логика всушност воопшто не е точна.
Apple исто така сподели неколку едноставни совети за максимално користење на батеријата на вашиот iPhone. За почеток, приоритет е ажурирањето на софтверот, а помага и намалувањето на осветленоста на екранот, вклучувањето на режимот за ниска потрошувачка на енергија и исклучувањето на Bluetooth и локациските услуги кога не се користат, пишува UniladTech.