Стриминг сервисот Max планира да воведе построги правила против споделување лозинки, а ја разгледува и можноста за зголемување на цената на претплатата, следејќи го примерот на други сервиси.
Стриминг сервисот Max, претходно познат како HBO Max, планира во наредните месеци да воведе мерки против споделување лозинки, известува The Verge.
Во последниот извештај за заработка, матичната компанија Warner Bros Discovery соопшти дека корисниците наскоро ќе почнат да добиваат “многу благи пораки” за претстојните промени.
По почетните известувања за споделување лозинки, построгите правила ќе бидат воведени во текот на 2025 и 2026 година. Финансискиот директор на Warner Bros. Discovery, Гунар Виденфелс, изјави дека компанијата ќе бара од гледачите кои “не се претплатени или се членови на повеќе домаќинства да платат малку повеќе”.
Max исто така би можел да ги зголеми цените во иднина, а компанијата не ја исклучува можноста за зголемување на трошоците за претплата. Виденфелс напомена дека има “довољно простор за продолжување на зголемувањето на цените” и дека компанијата била “обѕирна во тоа”.
Max моментално има вкупно 110,5 милиони претплатници ширум светот, а услугата се наплаќа почнувајќи од 9,99 долари месечно за верзијата со реклами (99,99 долари годишно) или 16,99 долари месечно за верзијата без реклами (169,99 долари годишно). Тука е и поскапата “Ultimate” понуда од 20,99 долари месечно која нуди 4K streaming.
Streaming сервисите ја укинуваат праксата на споделување лозинки откако Netflix успешно ја потисна оваа практика минатата година. Netflix забележа пораст на бројот на претплатници откако ги спречи корисниците да ги споделуваат сметките помеѓу повеќе домаќинства.