Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо наведува дека iPhone 18 Pro серијата ќе добие камера со променлив отвор на блендата.
Помалку од два месеца по лансирањето на iPhone 16 серијата, јавноста веќе го насочи вниманието на идните модели. Покрај iPhone 17 серијата која треба да излезе следната година, почнаа и разни најави за iPhone 18 серијата. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо наведува дека камерите на iPhone 18 Pro серијата ќе добијат значајни промени во функциите.
Според Минг-Чи Куо, една од важните надградби за iPhone 18 флегшип, кој ќе биде лансиран во 2026 година, ќе биде додавањето на променлив отвор на блендата на широкоаголен објектив, со цел подобрување на фотографското искуство на корисниците. „iPhone 18 флагшип“ тука се однесува на iPhone 18 Pro серијата.
Иако идејата за променлив отвор на блендата на iPhone е интересна, таа не е нова на пазарот на паметни телефони. Уште ви 2009 година, Nokia N86 имаше функција за променлив отвор на бленда, а подоцна и Samsung S9 серијата и Sony Xperia PRO-I ја усвоија оваа технологија. Во последниве години, брендовите како Huawei и Xiaomi претставија технологија за бесконечно променлив отвор на блендата, овозможувајќи поголема флексибилност при поставувањето. Сепак, Минг-Чи Куо не даде детали за променливиот отвор на блендата на iPhone 18 Pro серијата.
Оваа информација предизвика бројни коментари од корисниците на интернет, кои велат: „Android ова веќе го има години“, „Nokia беше пионер“, и „Apple повторно се обидува да глуми иновација“. Важно е да се напомене дека првично беше најавено дека Apple планира да воведе променлив отвор на блендата на iPhone 17 Pro серијата, но изгледа дека тоа е одложено за iPhone 18 Pro, па обожавателите на Apple телефоните ќе мора да почекаат уште две години, пренесува LTN.