Компанијата LG Display разви екран за кој тврди дека е прв што може да се растегне за дополнителни 50 проценти.
„Оригиналната“ големина на екранот изнесува 12 инчи, но тој може да се растегне до 18 инчи, како и да се свиткува и обликува. Претходниот модел беше претставен во 2022 година и можеше да се растегне од 12 на 14 инчи.
Во производството на овој екран, LG користеше неколку нови технологии, меѓу кои е подобрувањето на својствата на посебен силиконски супстрат, користен и во производството на контактни леќи. Исто така, е развиена нова структура на дизајн на ожичувањето, а LG го подобри и степенот на растегливост и флексибилност на панелот.
Технологијата на екран со слободна форма, како што ја нарекува LG, има целосни црвена, зелена и сина бои со резолуција од 100 ppi. Екранот користи micro-LED извор на светлина помал од 40 микрометри, што овозможува екранот да се растегне повеќе од 10.000 пати. Од компанијата тврдат дека прикажувањето останува со висок квалитет дури и под влијание на надворешни фактори и екстремни температури.
Сепак, растегливиот екран засега е само прототип, но кога ќе се појави на пазарот, неговата примена ќе биде доста широка.