Apple подготви подобрување за својата Find My мрежа, кое им олеснува на корисниците на iPhone да ги пронајдат своите изгубени предмети.
Станува збор за новата функција Share Item Location, која е дел од iOS 18.2 и им овозможува на корисниците безбедно да ја споделат локацијата на своите AirTags или Find My додатоци со трети страни, вклучувајќи одредени авиокомпании. Оваа функција е дел од напорите на Apple да ја направи Find My мрежата уште покорисна, особено за патниците кои сакаат да го следат својот багаж.
Благодарение на функцијата Share Item Location, корисниците на iPhone сега можат да создадат безбедна врска преку Find My апликацијата, која ја прикажува локацијата на изгубениот AirTag или друг додаток. Откако ќе се воспостави, врската може да се сподели со трети страни, како авиокомпании, со што ќе им се помогне полесно и побрзо да го лоцираат изгубениот багаж и друга сопственост.
Apple веќе се здружи со компании како United, Delta, British Airways, Qantas, Singapore Airlines, Swiss International Air Lines, Turkish Airlines, Virgin Atlantic и Vueling за интеграција на оваа функција во нивните процеси за пронаоѓање на багаж. Овие партнерски авиокомпании отсега ќе прифаќаат Find My локации на предмети како дел од нивниот процес за кориснички услуги за лоцирање багаж. Други компании ќе им се придружат во наредните месеци.
За дополнителна безбедност, од Apple велат дека споделената локација автоматски „истекува“ по седум дена или кога изгубениот предмет ќе се пронајде и врати на сопственикот. Корисниците исто така можат рачно да ја исклучат врската кога сакаат.
Од друга страна, Google-овата Find My Device мрежа засега не нуди можност за споделување на локацијата на изгубени предмети со трети страни во реално време на исто толку лесен и безбеден начин. Корисниците на Android можат да ја споделат локацијата на своите предмети со семејството и пријателите, но нема систем што автоматски го запира споделувањето кога предметот е пронајден. Власниците мора рачно да го запрат споделувањето на локацијата. Исто така, Google нема договори со авиокомпании