Според нов извештај, Apple работи на паметна домашна камера која би можела да конкурира на уреди како што се Google Nest камерите.
Apple досега постепено ја прошируваше својата понуда на производи. Иако започна како компанија за десктоп компјутери, сега исто така продава смартфони, таблет уреди, паметни часовници, безжични слушалки и многу повеќе. Сепак, амбициите на компанијата не се ограничени само на ова. Според новиот извештај, Apple работи на паметна домашна камера која потенцијално би можела да биде конкурент на Google Nest камерите и слични уреди.
Аналитичарот Минг-Чи Куо во својот нов блог пост наведува дека паметната домашна камера на Apple и AirPods со напредни здравствени функции ќе влезат во масовно производство во 2026 година. Според извештајот, претстојната камера ќе понуди длабока интеграција со Apple Intelligence и Siri, во рамките на тесно поврзан екосистем.
Иако извештајот експлицитно не го споменува Apple HomeKit, можеме со сигурност да претпоставиме дека овој уред ќе биде компатибилен со него. На крајот на краиштата, вградената Home апликација на iOS веќе поддржува паметни камери од други производители. Некои од нејзините основни функции вклучуваат приказ на видеото во живо, складирање во облак и уште многу други.
Покрај паметната домашна камера, изгледа дека Apple работи и на напредни AirPods слушалки со здравствени функции. За сега, деталите за овој проект се ограничени и не е познато кои конкретни сензори ќе ги додаде компанијата. Некои потенцијални додатоци би можеле да бидат поддршка за следење на телесната температура или пулсот. Во секој случај, прерано е да се прецизираат карактеристиките на финалниот производ, бидејќи тој нема да влезе во масовно производство до 2026 година, а до тогаш Apple би можел да ги промени своите планови или целосно да се откаже од нив, пишува Android Authority.