Засега преклопните смартфони сè уште се далеку од постигнување на голем пазарен удел. Се разбира, ова е најмногу случај бидејќи тие се значително поскапи од традиционалните модели.
Сега се појавија податоци дека голем кинески производител решил да ја прекине својата линија на преклопни уреди. Растот од 13.6% на овој пазар во Кина е под очекувањата, и најмалку една компанија проценила дека е премногу тешко да одржи рентабилност во овие услови.
Не се наведува конкретно име, но малку е веројатно дека станува збор за Xiaomi, Huawei или Honor. Поверојатно е дека станува збор за Oppo или Vivo, при што се тврди дека компанијаta го прекинала својот проект во оваа насока за наредната година.
Инаку, податоците на IDC покажуваат дека во текот на третото тримесечје од годината во Кина биле испорачани 2.23 милиони флексибилни смартфони на преклоп. Растот од 13.6 приценти е најнизок во последните две години.