Ако често патуваш со авион, во овој текст ќе откриеш како да уживаш во светот на привилегиите и удобноста додека го чекаш твојот лет.
Доколку туристичките авантури се твоја страст, читајќи го овој текст ќе дознаеш како да си обезбедиш врвни задоволства и премиум услуги.
Ако не можеш да одолееш на шопинг, откриј како да си обезбедиш ексклузивни попусти и cashback за уште поисплатливо шопинг искуство.
Ако, пак, си дел од друштвото на хедонисти кои уживаат во времето резервирано за ручек или вечера и бараат врвна услуга, обезбеди си влез во светот на луксузот само со еден избор.
Уникатната кредитна картичка Mastercard Platinum на Комерцијална банка ги комбинира луксузот, флексибилноста и премиум удобностите за беспрекорно искуство. Во светот на кредитните картички, Platinum кредитната картичка значи да се има луксуз на дофат на раката. Оваа картичка е дизајнирана за да задоволи премиум барања и да обезбеди ексклузивни искуства низ целиот свет.
Токму затоа е редовен придружник на сите кои често патуваат, хедонистички уживаат во времето за вечера или едноставно ценат врвна услуга.
– Над 60% од сопствениците на Platinum картичка се чести патници. A, со Mastercard Platinum добиваат беспрекорна удобност со бесплатен пристап во ВИП зоните на аеродромите и Mastercard® Airport Security Fast Track услуга на над 70 аеродроми низ светот
– Околу 15 милиони посети годишно во ВИП зоните низ аеродромите во светот се од корисници на Mastercard Platinum. Оваа привилегија ја прави картичката привлечна за секој што често патува и ја цени удобноста во движење
– 2 до 3 пати поголема куповна моќ имаат корисниците на Platinum картичкa. Mastercard Platinum ги внесува во светот на луксузот и им носи премиум шопинг искуство затоа што овозможува ексклузивни попусти на бројни продажни места
– Дури 80% од корисниците на Platinum картичка активно ја користат програмата Mastercard Travel Rewards, со која најдобрите искуства во животот стануваат уште поисплатливи.
– Прифатена е на десетици милиони локации во над 200 земји во светот, што ја прави Mastercard Platinum картичката најдобар партнер на деловните луѓе и на страствените туристи.
– Беспрекорна сигурност чувствуваат сопствениците на Mastercard Platinum затоа што имаат можност за дополнителни услуги насекаде во светот, како што се итно известување за изгубена/украдена картичка, исплата на готовина и замена на картичка.
Со оваа картичка избираш неспоредливи придобивки и луксуз. Без разлика дали ја користиш во земјава или во странство, со Mastercard Platinum добиваш статусен симбол препознаен насекаде и време исполнето со задоволства и привилегии.
Затоа сите кои сакаат премиум искуство и многу повеќе од само финансиски поволности, со Mastercard Platinum поставуваат нов репер во врвно корисничко искуство и бесценети вредности.