Дури три Hisense телевизори и два Hisense проектори за домашна употреба се добитници на овогодинешните EISA награди
Hisense телевизорите (моделите 100E7NQ Pro, 65U8NQ и 65U7NQ) се добитници на престижната EISA награда во категориите Giant TV, Premium Mini LED TV и Best buy Mini LED TV. Дополнително, компанијата Hisense беше наградена во категоријата Best Buy UST Projector за моделот PL2 и во категоријата Family Projector за препознатливиот модел Hisense C1.
Здружението EISA доделува награди кои со нетрпение ги очекуваат сите производители на електроника, составени од најценетите технолошки списанија ширум светот. Гласањето за најдобритеа апарати се одржа на крајот на јуни, преку неколку онлајн состаноци, а наградите беа свечено доделени за време на церемонија во германската престолнина. EISA ги доделува најдобрите технолошки и медиумски уреди од 1982 година во неколку експертски групи.
Континуирана иновација кај Hisense телевизорите
Hisense телевизорите со Mini LED технологија се подеднакво добар избор за љубителите на филмови, гејмеритеи љубителите на серии. Hisense U7 и U8 панелите поддржуваат технологии како што се Quantum Dot(подобрување на прикажувањето на боите), брзо освежување на сликата (до 144 Hz), Hi-View Engine процесор за обработка на видео и аудио сигнали, HDR, Dolby и IMAX, како и можност за користење на апликации на VIDAA Smart платформата. Сега меѓу нив е и Max, на радост на сите корисници. Благодарение на овие и многу други иновативни карактеристики, наградуваните Hisense телевизори овозможуваат прикажување на сликите што корисниците ги очекуваат – живописни и јасни.
Mini LED технологијата со локално затемнување во целиот опсег е наречена и од Hisense револуција на светлината, и тоа не без причина. Ова се должи на фактот што интензитетот на светлината достигнува и до 3.000 нити, но и поради природата на самиот панел. Mini LED е дизајниран да биде посветен на прикажување на подлабоки црни и посилни бели на сликата, со повеќе детали, за јасно да се нагласи контрастот на содржината. Повеќе од 1.300 зони за затемнување со целосен опсег и прецизна светлина со ниска дифузија ги истакнуваат црните бои повеќе од кога било досега, правејќи ги овие делови од сликата повпечатливи и без груби транзиции.
Дополнително, алгоритмите за вештачка интелигенција овозможуваат автоматско прилагодување и дотерување на сликата во зависност од тоа што моментално се прикажува. Исто така, потрошувачите имаат можност да изберат што и кога сакаат да гледаат користејќи ги најпопуларните стриминг и спортски услуги, преку голем број популарни апликации, вклучувајќи ги Apple TV, Disney+, Netflix, YouTube Premium, Hulu, споменатиот Max и FIFA и UEFA.
EISA експерти за Hisense телевизорите
Она што ги издвојува EISA наградите и ги прави толку високо ценети е фактот што гласовите на жирито се засноваат на тестови на уреди. За да може уредот воопшто да се земе предвид, треба да ги помине тестовите на редакциите на членовите кои учествуваа во гласањето.
Некои од причините зошто EISA додели награда на моделот U8 за 2024/2025 година се: водечкиот Hisense Quantum Dot Mini LED телевизор покажува како производителот дополнително ги усовршува панелите, позадинското осветлување и технологијата за обработка, обезбедувајќи слика што се издвојува по својата прецизност, јасност, живост на боите и исклучителна светлина. Совршен за гледање филмови, 65U8NQпостигнува HDR светлосни ефекти до 3.000 нити, прецизно контролирани од Mini LED со 1.600 зони. Динамичната слика е поддржана од Dolby Atmos звучниот систем и посебен сабвуфер. Телевизорот поддржува WiSA безжични звучници, вклучувајќи IMAX Enhanced, Dolby Vision IQ Precision Detail и играње со 4K/144 Hz. Затоа, 65U8NQ не е само водечки Mini LED телевизор, туку и премиум екран со многу широка примена.
Што се однесува до моделот U7, истакнуваме од изјавата на EISA: Извонреден пример за Mini LED технологија која е подеднакво импресивна во премиум и достапните потрошувачки сегменти. Моделот 65U7NQ се издвојува по своите функции, дизајн и перформанси. Со 65-инчен Quantum Dot Mini LED панел и Hisense Hi-View Engine PRO процесор, обезбедува светла, јасна 4K HDR слика, идеална за дневната соба и разновидна содржина. Гејмерите ќе уживаат во Game Mode Pro, вклучувајќи AMD FreeSync Premium Pro и VRR до 144 Hz, додека филмовите и ТВ програмите се оптимизирани благодарение на поддршката за Dolby Vision IQ и HDR10+, како и Filmmaker режимот. Паметната платформа Hisense VIDAA OS, поддршката за WiSA, филтерот против рефлексија кој го подобрува контрастот на VA панелот и далечинскиот управувач со соларна енергија што ја елиминира потребата од батерии, ја заокружуваат импресивната листа на функции на овој телевизор.
Оваа година моделот Hisense 100E7NQ Pro победи во една од најважните категории – Giant TV. Еве што конкретно открија експертите на EISA: Hisense 100E7NQ Pro веднаш привлекува внимание со својот огромен екран од 100 инчи и одлични перформанси на сликата. Клучна предност е прецизната контрола на позадинското LED осветлување со 256 локални зони за затемнување, што му овозможува на екранот да има широк контраст, силни црни тонови и јасни HDR нагласувања. Дополнителната моќ на процесорот овозможува избалансирани, нијансирани бои, 4K зголемување на резолуцијата од извори со помала резолуција и динамично мапирање на тонови. Иако 100-инчниот дисплеј е главната атракција, ниту звукот не се занемарува – 2.1 звучниот систем со сабвуфер свртен наназад обезбедува моќен бас и богат звук. Без оглед на изворот на содржината, било да се тоа Blu-ray филмови, игри или ТВ стриминг преку VIDAA паметната платформа на Hisense, 100E7NQ Pro нуди извонредно искуство – и по прифатлива цена.
Истражете ја широката понуда на Hisense во Македонија
Hisense 100E7NQ Pro, 65U8NQ и 65U7NQ се веќе достапни во Македонија, како и Hisense C1 проекторот. Тековната понуда на Hisense телевизори и проектори секогаш можете да ја видите на веб-страницата на Hisense Македонија и во салоните на Сетек и Нептун низ целата земја, каде што можете да ги пробате и да се консултирате со експерти при изборот.
Не заборавајте дека сите телевизори на Hisense имаат петгодишна гаранција со регистрација на официјалната веб страница.