Популарната апликација WhatsApp конечно ќе ја добие функцијата Message Drafts, која ќе ги потсетува корисниците дека започнале да пишуваат порака, но не ја испратиле поради некоја причина.
Функцијата Message Drafts функционира така што прикажува зелен индикатор „Draft“ на почетокот на пораката во листата со разговори, доколку корисникот започнал порака, но не ја испратил. Овој разговор ќе биде преместен на врвот од листата со разговори, што овозможува лесно да се забележи непратената порака.
Првичните тестирања откриваат дека засега нема синхронизација на оваа функција на сите уреди. Ова е нешто што, на пример, Telegram веќе го има, овозможувајќи им на корисниците да започнат порака на еден уред и да ја испратат од друг. Сепак, постои можност WhatsApp да ја додаде и оваа опција во иднина.