Доколку им се верува на информациите кои пристигнуваат од Хонг Конг, компанијата Apple во 2025 година ќе го претстави смартфонот iPhone 17 Air, кој ќе ја замени актуелната Plus верзија.
Овој чекор е резултат на слабата продажба на Plus верзијата, која заостанува зад сите други модели на iPhone во тековната понуда. Се шпекулираше дека новиот модел ќе го носи името iPhone 17 Slim, но според најновите информации, ќе се вика iPhone 17 Air. Воедно, објавен е и податок за неговата дебелина.
Според податоците од инвестициската банка Haitong, со седиште во Хонг Конг, дебелината на iPhone 17 Air ќе изнесува околу 6 милиметри. Ако тоа се покаже како точно, ќе стане најтенкиот iPhone во историјата, надминувајќи го iPhone 6, чија дебелина беше 6,9 милиметри.
Иако има многу непознати за претстојниот уред, некои детали се веќе достапни. Основната верзија на iPhone 17 Airќе има 6,6-инчен екран и A19 процесор. На задната страна веројатно ќе има само една камера, што би можело да одврати дел од купувачите. Меѓутоа, познатиот аналитичар Минг-Чи Куо изјави дека Apple има за цел да го „истакне новиот иновативен дизајн“, па не се очекуваат камери од врвен квалитет.
Повеќе информации за овој смартфон се очекуваат во наредниот период.